| четврток, 6 декември 2018 |

Се создаде најголемата авиокомпанија на светот

DCF 1.0

Американските авиокомании US Airways и AMR ги довршуваат преговорите за спојување, со што ќе настане најголемата авиокомпанија во светот.
Двете авиокомпании се на прагот на склучување на договор за спојување вреден 11 милјарди долари, пренесува Ројтерс. Официјалната објава, двете компании ќе ја соопштат следната недела, откако ќе се договорат за имотот и за структурата на управување во новата компанија која ќе се создаде.
Управните одбори на двете компании, за договорот за спојување треба да гласаат следната недела.
Новата авиокомпанија која же настане со спојување на Airways и AMR која објави стечај, според капацитетот ќе биде најголема во светот.
Според првичниот договор кој не е сеуште потпишан извршен директор би бил досегашниот челник на US Airways, Даг Паркер. Том Хортон кој управуваше со AMR ќе биде претседател на Управниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top