Маж на возраст од 55 години од Скопје со инфлуенца А почина вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Ова е четврта жртва на грипот сезонава. Пациентот бил хоспитализиран на клиниката со црнодробна болест на 21 јануари. Според д-р Билјана Петреска од Клиниката за инфективни болести, и покрај спроведената антивирусна терапија, пациентот починал вчера.
На Клиниката се хоспитализирани 110 лица, од кои седум се на интензивна нега. Пет пациенти се во потешка здравствена состојба и имаат симптоми на грип, а еден е приклучен на механичка вентилација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.