Македонците имаат доверба во премиерот Никола Груевски. 42 отсто од 1584 анкетирани во телефонската анкета спроведена во периодот 8-13 февруари од страна на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) се изјасниле дека му веруваат на Груевски, наспроти 27 проценти кои рекле дека не му веруваат.
На Лилјана Поповска ѝ веруваат толку колку што не ѝ веруваат, а 23 проценти му веруваат на Стевче Јакимовски, наспроти 27 кои не му веруваат. Граѓаните немаат доверба во градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Довербата на граѓаните во Груевски расте. Во септември процентот на тие што се изјасниле дека имаат доверба во премиерот бил за 4 отсто помал од февруарскиот процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата