| четврток, 6 декември 2018 |

Грипот ја зеде и четвртата жртва во Македонија

infektivna

Грипот ја зема и четврта жртва во Македонија, објавува МРТ, повикувајќи се на извори од Клиниката за инфективни болести. Од Kлиниката најавиле дека деталите за случајот ќе бидат отриени на прес-конференцијата закажана за 11 часот.

Податоците на Институтот за јавно здравје велат дека од почетокот на сезоната 2013/2014 година од грип заболеле вкупно 10.934 лица. Само во последната недела, заболеле нови 3.156 грипосани лица.

Тоа е за речиси 30 проценти повеќе отколку во истиот период лани кога имало 2.434 заболени. Најголем број заболени има во Кавадарци, каде што се регистрирани дури 1.973 болни лица. 7.096 од лицата заболени од грип се на возраст од 15 до 64 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top