| четврток, 6 декември 2018 |

Злато за Ковалчик, Колароска го избегна фенерот

Полската олимпијка Јустина Ковалчик го освои златниот медал во трката на 10 километри во нордијско скијање, каде што свое деби имаше и македонската претставничка Марија Колароска. Нашата 16-годишна учесничка на ЗОИ го освои 74-то, претпоследно место во конкуренција на 75 натпреварувачки со 16 и пол минути послабо време од новата олимписка шампионка од Полска.

Ковалчик славеше со резултат од 28 минути, 17 секунди и осум стотинки, пред Швеѓанката Шарлот Кала и Тереза Јог од Норвешка, која освои бронзен медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top