Тетовец побарал помош од полицијата, откако неговата поранешна сопруга го претепала со лаптоп нанесувајќи му тешки повреди, извести тетовската полиција.
Инцидентот се случил завчера околу 21.30 часот во домот на двајцата тетовци, кои иако разведени, живееле заедно. Четириесет и осумгодишниот тетовец пријавил дека додека работел на лаптопот, од зад грб му пришла поранешната сопруга, му го зела компјутерот и со него почнала да го удира по главата.
Но, жената не сопрела на тоа – потоа почнала да го гребе и по лицето и да му се заканува дека ќе го убие. Откако се извлекол од нејзиниот ќотек, по телефон ја алармирал полицијата.
Жената, велат од полицијата е повикана во станица, а за целиот случај крајниот исход ќе го каже јавниот обвинител од Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.