| четврток, 6 декември 2018 |

Данска ќе убие уште една жирафа

Ако сте жирафа и вашето име е Мариус , сега може да биде добро време да се напушти Данска- пишува британски Гардијан по најавата дека сега друга зоолошка градина планира да и ја скрои судбината на уште една жирафа

Marius the giraffeНеколку дена по убивањето на здравата млада жирафа во Копенхаген, втора данска зоолошката градина најави дека размислува за слична судбина за уште една жирафа – исто така наречена Мариус .
„Јиландс парк“ зоолошката градина во западна Данска, во моментов има две машки жирафи. Бидејќи ѝ е одобрено да учествува во Европската програма за одгледување и ако успеваат да се здобијат со женски жирафа , седумгодишниот Мариус ќе мора да „ѝ ослободи место“.
Како и неговиот имењак во Копенхаген , жирафата се смета за несоодветна за размножување, па ќе биде тешко да најде нов дом.

„Ако мораме да го евтаназираме (Мариус), ние, секако, ќе го направиме тоа“, велат од таму.

Во зоолошката сметаат дека нема да потпаднат под влијание на бранот протести што следеа по убиството на 18 -месечниот Мариус во  зоолошката градина во Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top