| четврток, 6 декември 2018 |

Јоксимовиќ поради Фифи прогласен за најголем хомофоб за 2013 година

Како и секоја година, српскиот веб-сајт gayecho.com ги прогласи геј-иконите за претходната година. Титулата „машка геј-икона“ му припадна на победникот „Големиот брат“ Жарко Стојановиќ, за неговиот голем придонес на поголемата видливост на ЛГБТ популација и за подобрување на имиџот на ЛГБТ заедницата во Србија.

Кај жените е наградена активистката на „Жена во црно“ Сташа Зајовиќ, која оваа титула ја заслужи поради своето повеќегодишно заложување за ЛГБТ правата и поради нејзината поддршка на ЛГБТ заедницата во Србија и во регионот.

Веб-сајтот за најголем хомофоб во 2013 година го прогласи српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, поради, како што пишуваат, нападот кон трансродната личност Филип Јаневски – Фифи, македонскиот претставник на „Икс-фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top