| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник ветувал ослободување осуденици од германски затвор

zatvor4

Тетовец излажал двајца сограѓани дека може да им помогне во ослободување од германски затвор на нивни татко и сопруга, за што им наплатил 12.000 евра.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (39) од Тетово за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2013 година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист довел во заблуда две лица со лажно ветување дека ќе им помогне при ослободување од затвор од Германија на нивниот татко и сопруг, за што истите му дале златен накит во вредност од 12.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top