Најмалку две лица загинаа, а 23 се повредени во протестите на антивладините и провладините приврзаници во главниот град на Венецуела, Каракас, јави Танјуг.
– Имаме две жртви – приврзаникот на Владата Хуан Монтоја и студентот Басил да Коста – изјави претставничка на обвинителството.
Таа додаде дека 23 лица се повредени во протестите.
Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро се собраа вчера на протестите во Каракас, а лидерот на опозицијата Леополдо Полес порача дека ќе привлече милиони лица да излезат на улиците, со цел да се спротивстават на корупцијата и криминалот и да извршат притисок врз Владата да поднесе оставка.
Во меѓувреме приврзаниците на Мадуро организираа контрапротести.
Лопес, кој протестната капмања ја предводи под мотото „Излез“, ги отфрли обвиненијата дека го поттикнува народот на државен удар, наведувајќи дека се надева оти ќе го принуди Мадуро да поднесе оставка.
Во Венецуела изминатите неколку недели се одржаа повеќе помали протести, во кои беа уапсени 20 лица.
Мадуро во врска со демонстрациите изјави дека „десничарските фашисти“ се обидуваат да го соборат од власт.
Ова се најмасовни демонстрации со кои се соочува Мадуро од изборот за претседател пред речиси една година, по смртта на Уго Чавес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија