
Вивијан Вествуд
Вивијан Вествуд ја претстави новата кампања „Спасете го Арктикот“, со цел да се подигне свеста кај луѓето за проблемите со климатските промени и важноста за чување на околината. Кампањата е во соработка со Гринпис, а поддршка ѝ дадоа бројни холивудски ѕвезди како Џорџ Клуни, Тери Џонс, Крис Мартин, Џери Хол и Џорџи Меј Џегер.

Џорџ Клуни
Фотографиите на портретите на ѕвездите кои позираат во маици со потпис на славната дизајнерка се дело на Енди Готс. Некомформистичниот и авантуристички дух на Вествуд, толку нетипичен за модниот свет, уште еднаш ја натера дизајнерката да делува, бидејќи смета дека непроменетата состојба ќе се не доведе до уништување.

Мајка и ќерка: Џери Хол и Џорџи Меј Џегер
Маиците „Спасете го Арктикот“ моментно се достапни на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


