| четврток, 6 декември 2018 |

Жените што имаат добар сексуален живот не губат интерес ни во зрели години

man_and_women_photo

Поголемиот број жени губат интерес за секс кога се стари – такво мислење владееше во јавноста. Но, според научниците, тоа е само мит. За жените што уживаат во сексот, годините не претставуваат никаков проблем, се тврди во најновата студија.

Истражувачите открија дека верувањето оти жените се помалку заинтересирани за секс кога ќе остареат, не се однесува на оние кои секогаш уживале во сексуалната активност.

– Жените што изјавија дека сексот им е многу важен, трипати се поактивни во зрелите години од оние кои изјавиле дека не им е важен. Постои јавна перцепција дека жените, како што одминуваат нивните години, престануваат да имаат секс кога ќе остарат. Но, според оваа студија, жените продолжуваат да имаат сексуален живот и во зрелите години – вели американскиот истражувач Холи Томас.

Истражувачите испитувале 600 жени меѓу 40 и 65 години и ги прателе нивните промени четири години.

Десет отсто од жените изјавиле дека сексот им е исклучително важен, 50 отсто – умерено важен и 20 отсто – не им е многу важен. Остатокот не одговориле на прашањето. Жените што го оцениле сексот како важен, трипати повеќе останале сексуалено активни од жените што се изјасниле дека сексот не им е битен.

За групата жени на возраст од 48 до 73 години, сексуална активност значи да имаат однос најмалку еднаш во шест месеци.

– Сексуалениот живот се менува со времето, но тоа не значи дека сексот не е важен или дека не треба да се уживо во него – вели Томас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top