| четврток, 6 декември 2018 |

Мухиќ: Протестите во БиХ се планирани, оркестрирани и со детално разработени цели

ferid muhic

Македонскиот универзитетски професор Ферид Мухиќ, кој е претседател на Босанската академија на науки и уметности смета дека протестите во Босна и Херцеговина се организира, планирани, оркестрирани со многу конкретни и детално разработени цели.

Мухиќ во интервју за агенцијата Фена истакнува дека најголема заблуда на општествените науки е обидот да се толкува човековото однесување како поединечно, така и колективно низ модел на детерминистички закони на физиката.

– Социјалното незадоволство е инструментализирано како покритие, како изговор, алиби. Во време на практично апсолутна контрола врз луѓето овозможена со спектакуларни технолошки средства, масовните протести можат да се случат само како однапред планирани дејствувања чии размери однапред се договорени со органите на редот, по налог и со согласност на највисоките структури на политичка моќ, вели Мухиќ.

Нагласува дека овие протести се „како искината завеса низ која на стотина метри се гледа тој што стои зад завеста“.

– Иако социјалната ситуација во Република Српска е полоша од Федерацијата, таму протести нема. Зошто? Затоа што таму не се организирани ниту од полицијата, ниту од власта. А кога полицијата и власта не организираат протести, протестите практично не се можни. Зошто не ги организираат во Р. Српска? Затоа што власта смета дека не се потребни во овие моменти, смета Мухиќ.

Мухиќ во интервјуто вели дека протестите се внимателно испланирани, а власта не презема ништо затоа што и е од интерес.
– Нема сомнеж дека нарачателите на протестите доволно внимателно испланирале да ја сочуваат својата комплетна анонимност, така да нивните цели, како и нивниот идентитет, статус, политичка функција и ниво на организаја која стои зад нив можеме само да ја нагаѓаме. До душа, многу тешко е да се обезбедат и докази за тоа. Оние од власта кои стојат зад организирањето или поточно, зад извршувањето на овие протести, затоа што последната адреса на налогодавачи сигурно не е во БиХ, не презема ништо затоа што им е во интерес, како дел од планот протестите да потрајат, вели Мухиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top