| четврток, 6 декември 2018 |

САД ја повикаа Русија да ја укине забраната за увоз на месо

САД ја повикаа Русија веднаш да ја укине забраната за увоз на американски месни производи, која беше наметната поради употребата на додатокот рактопамин, и да ги почитуваат обврските кои ги превземале со пристапувањето во Светската трговска организација, пренесе „Ројтерс“

images– САД се исклучително разочарани од тоа што Русија го прекина целосно увозот на американското месо кое се произведува според највисоките светски стандарди- изјавија во заедничко соопштение шефот на Трговското преставништво на САД Рон Кирк и министерот за земјоделство Том Вилсак.

Забраната стапи во сила денеска и таа е поврзана со загриженоста на Русија во врска со употребата на рактопамин – стимуланс за раст кој се користи во САД за производи од говедско, свинско и мисиркино месо, кој го прави месото повеќе кревко.

Министерството на ОН за безбедноста на храната во јули минатата година стигна до заклучок дека додатокот “не влијае врз човековото здравје”, ако се користи во препорачаните норми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top