| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Манчевски и Дамјановски да ги објават двата договори склучени со ЈП Куманово-Паркинг

dimovski

Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации, денеска ги повика и побара од потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц, веднаш јавно да ги објават двата договори склучени со ЈП Куманово-Паркинг.

– Едниот договор е склучен со фирмата Метропаркинг ДОО од Белград на ден 28.01.2011 година, а другиот договор е склучен со фирмата Метропаркингплус ДОО од Скопје на ден 28.02.2011 година. После овој скандал тие мораат на јавноста да и ги презентираат овие документи. Имаат две опции. Дали ќе решат да ги објават овие договори на официјалната веб страна на СДСМ или пак на веб страната на Општина Куманово, зависи само од нив. Важно е е јавноста да ги види – изјави Димовски на денешната прес-конференција.

Тој смета дека скандалот со тендерот за паркинзи во Куманово зафаќа огромни размери. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, потенцира, никаде го нема, а потпретседателот на СДСМ Манчевски, од друга страна, е комплетно конфузен.

– Сака да мислиме дека е жртва, а работел по тендер во општина каде градоначалник е од партијата каде тој е потпретседател. Прво велеше дека нема тендер, па потоа дека ја напуштил фирмата, а ништо од, според официјални документи кои ви ги презентиравме, изгледа дека не е точно. Дамјан Манчевски бранејќи се веќе не мери што зборува. Покрај што ќе ме тужел мене, за што го охрабрувам, ќе ја тужел и фирмата во која, според валидни државни документи, тој е лице за контакт. Се прашувам дали тужбата за фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје ќе си ја достави сам на себе, зошто, според документите од Централен Регистар, тој сеуште е овластен од фирмата да биде лице за контакт? – праша Димовски.

Според него добивањето функции во СДСМ секогаш има некоја позадина.

-И функцијата на Дамјан Манчевски, но и функциите во раководството на СДСМ на еден голем број кумановчани, поврзани со Зоран Дамјановски – Циц почнуваат да личат на многу логичен тек на работите. Дамјан Манчевски како сопственик и Зоран Дамјановски – Циц како градоначалник и еден од присутните кога е потпишан договорот со Метропаркинг ДОО од Белград, конечно треба да излезат пред јавноста и да ја прифатат политичката одговорност, бидејќи тоа го бараат нивните функции, но и граѓаните – порача Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top