| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската влада се спаси и од третото гласање на недоверба

bugarski parlament

Бугарската Влада денеска го преживеа гласањето  недоверба што го предложи опозицијата, која владата ја обвинува  дека не успеала да се избори со големиот прилив бегалци и раст на криминалот.

Од 240 пратеници во бугарскиот Парламент, предлогот за изгласување недоверба на Владата го отфрлија 116 пратеници, додека „за“ гласаа 93 пратеници , пренесе Танјуг.

Ова е трет пат Владата на премиерот Пламен Орешарски да го спаси мандатот од гласање  недоверба од мај минатата година, кога беше избрана.

Опозицијата ја критикува Владата дека била неподготвена да прифати 12.000 бегалци, главно од Сирија, и за растот на криминалот ширум земјата, бидејќи голем број полицајци се упатени во престолнината заради осуммесечните антивладини протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top