| четврток, 6 декември 2018 |

Свечен собир во Друштвото на писатели на Македонија

14022013142805_kniga-m[1]

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), утре, 13 февруари ќе се одржи Свечен собир по повод 67-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.
На средбата ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2013 година. Добитници на високите признанија се: Братислав Ташковски на наградата „Ацо Шопов“ за поезија, Венко Андоновски на наградата „Стале Попов“ за проза, Владимир Мартиновски на наградата „Димитар Митрев“ за критика, Александар Кујунџиски на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и Делвина Крлуку на наградата „Книжевен мост“ за книга објавена на јазиците на националните заедници во Македонија.
Друштвото на писателите на Македонија е основано во 1947 година.

За местото и улогата на Друштвото на писателите во изминатиот период реч ќе има Раде Силјан, претседател на ДПМ. До сега во македонската писателска асоцијација членувале околу 450 писатели од сите генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top