| четврток, 6 декември 2018 |

Сара реши да провоцира – прво секси видео на младата пејачка

Младата пејачка која во нејзиниот последен видеоспот за темата „Зелено светло“ се претставуваше како слатка мала принцеза, во најновиот проект се претвори во секси девојка. Сара Маркоска, позната на публиката по победата на музичкото шоу „М2“ во 2012. година, изигра неколку провокативни сцени на снимањето на нејзиниоит нов видеоспот.

image (2)

Видеото, кое го режираше Александар Ристевски Принц, се работеше за новиот сингл на Сара, „Private Show“, чиј што композитор и продуцент е Зоран Алексиќ, а текстот го напиша нејзината колешка Рената Кралевска.

Sara2

– Пресреќна сум што конечно ќе го издадам мојот нов сингл, испеан на англиски јазик. Текстот во песната е провокативен, па затоа одлучивме да направиме и таков спот. Уживав во секој момент од снимањето, одиграв многу интересни сцени за кои се погрижи мојот кореограф Јана Андреевиќ и искрено едвај чекам да го видам комплетното видео издание – вели Сара.

Sara3

Запуштена стара фабрика во Скопје, студио и градски улици се дел од локациите на кои се снимаше видеото за  „Private Show“. Синглот ќе биде интернационално издаден во текот на месецов од страна на „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment) во соработка со најголемите европски и американски издавачи и дистрибутери, а во Македонија песната ќе биде промовирана заедно со видеоспотот.

image (3)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top