| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварчанка седум години собирала монети и купила телевизор (ФОТО)

Гостиварчанката Жаклина Трифуноски собрала 12.000 денари во монети со кои купила телевизор од продажниот салон на „Техномаркет“ во Гостивар.

Вработените 3 часа ги броеле монетите и ја констатирале конечната сума. Покрај телевизорот вработените од „Техномаркет“ за овој невообичаен гест подготвиле посебен подарок за најмалиот член на семејството Трифуновски.

Tehnomarket_Gostivarcanka sobirala moneti za televizor 2

– Пред 7 години, по раѓањето на мојата ќерка, одлучив да собирам ситни парички, кои планирав да ги искористам за вреден производ. Мојата и желбата на моето семејство беше да набавиме модерен телевизор кој што ќе не потсетува на долгогодишната заштеда во која учествуваме јас, ќерка ми и мојот сопруг. На вработените во „Техномаркет“, сум им особено благодарна затоа што со големо задоволство ги броеја монетите и со нетрпение очекуваа да видат која е конечната сума – изјави среќната купувачка Жаклина Трифуновска.

Tehnomarket_Gostivarcanka sobirala moneti za televizor

Интересното хоби на гостиварчанката Жаклина, со текот на времето прераснало во навика која што го збогатила домот на нејзиното семејство со вреден производ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top