Социјалните немири од Босна и Херцеговина би можеле да се пренесат и во Црна Гора, а на социјалните мрежи се шири повикот за протест на незадоволните граѓани на 15 април пред Собранието во Подгорица, пишуваат црногорските медиуми.
На социјалната мрежа Фејсбук се повеќе има приврзаници на идејата дека „само со радикални мерки може да се подобри севкупната состојба во Црна Гора“.
За 48 часа на страницата „Револуција во Црна Гора! Сите на улица!“ собрала повеќе од 1.100 истомисленици, кои биле подготвени за протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


