Кумановец остана без својот автомобил откако од за сега непознати причини се запалил и целосно изгорел, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Пожарот се случил на улицата „Мирче Ацев” во Куманово, а возилото со кумановски регистарски таблички било во сопственост на педесет и шест годишниот С.Б.
МВР работи на целосно расчистување на случајот како и на утврдување на причините поради кои дошло до опожарување на возилото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.