| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Бјонсе во врска?

Француски папарацо тврди дека Американскиот претседател Барак Обама и пејачката Бијонсе се во врска.

– Во САД се случува нешто неверојатно. Утре „Вашингтон пост“ ќе објави за наводната врска меѓу Обама и Бијонсе, наведе Ростен, еден од водечките папараци во Франција.

Ростен е автор на првите фотографии за врската меѓу Сесилија Саркози и бизнисменот Ришар Атиас, кога таа се уште беше сопруга на Никола Саркози, кога беше министер.

Ростен е автор и на првите фотографии на незаконската ќерка на францускиот претседател Франсоа Митеран, Мазарин, кои се појавија во 1994 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top