| четврток, 6 декември 2018 |

Томи Стефановски трет на маратонот во Аргентина

Македонскиот пливач Томи Стефановски исплива трето време на маратонот во Парана, Аргентина. Во конкуренција на 25 пливачи од 11 земји првото место на маратонот долг 88 киломeтери му припадна на Русинот Иван Афаневич со време 9:20: 38 часа, што е негова прва Гран Припобеда. Мохамед Салех од Сирија беше второпласиран со 9:22.42 часа, додека Стефановски имаше време oд 9:26.55 часа.

Александар Илиевски го освои шестото место со време (9:47.46 часа), додека Дејан Младеновски се откажа заедно со уште пет пливачи, меѓу кои и познатите имиња на овој спорт Дамјан Блаум и Александер Студзински.

Следната трка ќе се одржи на 29-ти март воМанзаниљо, Мексико.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top