Екипите на ЕВН Македонија при редовна контрола утврдиле дека се украдени делови од далекуводи во битолскиот и гевгелискиот регион. Оттаму предупредуваат дека поради ваквите кражби може да дојде до поголеми прекини на снабдувањето со електрична енергија.
Од далекувото кај селото Мрзенци од 4 челични столба, украдени се 50 винкли, од битолскиот далекувод украдени се винкли од 5 челични столба високи и над 5 метри и предизвиканата е штета од близу 1 милион денари.
Направената штета е санирана и обезбедени се деловите за далекуводите да може нормално да функционираат, но од ЕВН предупредуваат дека е огромна опасноста да се загине од струен удар при вакви кражби. Тие велат дека ваквите кривични дела често завршуваат со големи несреќи и големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија во местата каде е извршена кражбата.
– Далноводите ќе се доведат во исправна состојба, штетата ќе се надомести но ништо не може да ги надомести повредите и човечките животи. Затоа апелираме и до сите други корисцници кои случајно се движат во близина на енергетските објекти да ги почитуваат предвидените растојанија на одалеченост и секоја оштетување да го пријават до ЕВН Македонија – вели Атанас Ковачевски портпарол на ЕВН Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.