| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов на Ломоносов во одбрана на македонскиот јазик

„Негирањето на јазикот претставува негирање на перцепцијата и реалноста на еден народ. Негирајќи го јазикот, се негира идентитетот“ – говор на претседеталот Ѓорге Иванов кој денеска стана почесен професор на Московскиот универзитет Ломоносов. Рече дека обидите да се раздели еден народ е можно преку одземање на способноста тој да комуницира.

-Зарем нема да биде осудена славата на рускиот народ ако неговото потекло и име се постават толку доцна и им се одрече древноста, во која другите народи за себе бараат чест и слава. Токму овие зборови нè потсетуваат на искуството што го има речиси секој Македонец. Чувство да се биде предмет на негирање и на присвојување на историјата, јазикот, културата, традицијата. Македонија, за жал, сè уште се соочува со она што ѝ се случувало на Русија за време на големиот Ломоносов. Современиот македонски јазик е признаен речиси во цел свет. Само две земји имаат проблем Бугарија за нашиот јазик вели дека бугарски дијалект, а Грција воопшто не го признава, изјави претседателот Иванов.

„Со Македонија живеам повеќе од 30 години“, рече професорката-македонист Елена Верижникова, која претседателот Иванов ја одликува со медал за заслуги за Македонија за придонес во афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик. На нејзината катедра на Универзитетот Ломоносов има студенти кои го изучуваат македонскиот јазик.

„Мојот живот од осумдесетите години е определен за македонскиот јазик. Тоа околу што се врти мојот живот е Македонија. Со Македонија е поврзано се што е важно за мене“, вели Елена Вернижикова, професорка по Македонски јазик.

За унапредување на соработката меѓу образованите институции, Орден за заслуги за Македонија, претседателот Иванов му додели на професорот Евгениј Суханов. И со руската академска фела, за што сведочат и заемните признанија, констатација дека изминатите 20 години дипломатски односи меѓу двете земји поминале пријателски. Таквото расположение го круниса и настапот на Скопскиот дувачки квинтет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top