Викендот се снимаше видеоспотот за новата песна на момчето кое го запознавме преку шоуто „Македонски идол“, сега и првиот амбасадор на „дурекс“, Виктор Апостоловски.
– Темата „Ти и јас“ е со брза и диманична мелодија, па според тоа требаше да направиме приказна што ќе го следи ритамот. Станува збор за две другарки кои се вљубени во мене и околу тоа се случуваат разни ситуации. Токму поради тоа снимањето помина во интересна и забавна атмосфера којашто успеавме да ја пренесеме и на самиот видеозапис. Но, најдобро е самите да се уверите во тоа – вели Виктор.
Видеоспотот го подготвува продукција „Тривиа“, а се снимаше на две локации, во хотел „Стоун бриџ“ и во трговскиот центар „Капитол“.
Покрај трите главни улоги во приказната, во спотот учествуваат и 10 танчари од студиото за танц „Беатрикс кру“ (Beatrix Crew), на кореографија од Ивана Балабанова. Виктор во видеото е облечен од новата колекција на турскиот урбан бренд „Колезион“ (Collezione).
Најавата на видеоспотот ќе биде на 14 февруари на каналот на Виктор на „Јутјуб“, а истиот ден на своите обожаватели тој на улица „Македонија“ ќе им доделува љубовни балони со изненадувања од „дурекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.