Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА на денешната седница на која на дневен ред се најдоа измените на собранискиот Деловник забележа што прирачникот за работа на законодавниот дом се предлага само од една политичка партија која, како што рече, сака да диктира правила на функционирање на Парламентот.
Според него, има потреба да се измени Деловникот зашто треба да се уреди прашањето на употребата на албанскиот јазик во Собранието. На крајот од својот говор, Фазлиу го фрли Деловникот кој го држеше в раце.
Павле Трајанов од ДС рече дека промените на Деловникот треба да одат во редовна процедура со поширока јавна расправа.
Ермира Мехмети рече дека ДУИ сепак ќе го поддржи Предлогот на Деловникот бидејќи целта е да се динамизира донесувањето на законодавството, особено за европските закони и оние од економска природа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


