| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерски состанок на ЕУ и на земјите-кандидати

Nikola-poposki-mala

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на покана од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и за безбедносна политика Кетрин Ештон, денеска во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на државите – кандидати за членство: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за источното партнерство, Царинската унија, која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина.

Исто така, дел од дискусиите ќе се фокусираат и на заклучоците од состанокот на Европскиот Совет за Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, одржан во декември 2014 година, во насока на идентификување на идните активности кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на воените и цивилните мисии на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top