| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за стечајци пред пратениците

sobranie-na-rm-640x360

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 84. седница, почната на 3 февруари годинава. На дневен ред на четвртото продолжение на седницата се измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top