МВР го расветли инцидентот од пред една недела во селото Лока, во општина Сарај – поднесени се кривични пријава против четири малолетни лица за предизвикување материјална штета и вршен терор.
Пријавените се претставени како членови на навивачката група „Млад клуб на комити – Карпош“ и „Ултрабанда“. Министерството за внатрешни работи презема мерки за идентификување и на другите членови.
Индидентот се случил вечерта на 31 јануари кога десетина лица почнале да фрлаат камења и разни други предмети врз куќите и автомобилите во селото. Ниту едно лице не било повредено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.