Хрватите преку „Фејсбук“ се организираат за протест на 15. Февруари, објави „А1.он“. Групите настапуваат со паролите „Босна започна, да тргнеме и ние на протест“, „Да започнеме масовни протести во Хрватска, да се угледаме на Тузла и Украина“.
„Што чека Хрватска? Ајде и ние. Најважна работа е ако системот не е добар, треба да го смениме. 400 илјади невработени во Хрватска, луѓето копаат по контејнери, Владата го замолчува и затвора секој кој не им се допаѓа или им се спротивставува. Народот може ова да го поправи“, се дел од пораките и повиците.
Се охрабрува народот да не седи на ФБ и да пишува бескорисни коментари, да не се плаши никој да излезе на улица и да каже што мисли.
„Ако само седите зад компјутерот и пишувате, нема ништо да се смени. Излезете на улици“, пишува во повикот за протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.