Трите медали на денешната трка во брзо лизгање на Олимписките игри во Сочи ги освоија натпреварувачи од Холандија.
Носителот на златниот медал Свен Крамер постигна време 6:10.76 што претставува нов рекорд на Олимпијадите.
Среброто му припадна на Јан Блокхиусен кој имаше 4,95 секунди послабо време од победникот.
Бронзениот медал го освои Јорит Бергсма кој патеката од 5 километри ја излизга со резултат 6:16.66.
Во историјата на ЗОИ ова беше седми пат трите медали да ги освојат лизгачи од иста држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема крај на допинг-скандалите, суспендирани нови три руски атлетичарки
-
Кубин го загуби златниот медал во последната секунда од финалето на Европското првенство
-
Продолжуваат импресивните настапи на македонските кик-боксери на Европското првенство
-
Листата се зголемува, ИОК одзеде уште осум олимписки медали


