| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициските мегафони мајстори за манипулирање

По кој знае кој пат опозициските мегафони неуспешно се обидуваат да се претстават како независни и објективни медиуми при тоа обвинувајќи ги сите останати дека ја манипулираат јавноста. Сепак, за нивна жал, вистината и овој пат не е на нивна страна.

Имено, нивните „професионални“ медиуми пред неколку дена пренесоа вест за битолското музичко училиште која беше поставена на „Си Ен Ен Ај Репорт“ (CNN iReport).

Во текстовите на опозициските портали беше пренесено дека „познатата телевизија направи прилог за битолското училиште“, „учениците дале изјави за Си Ен Ен“, а „светскиот сервис веднаш ги објави катаклизмичките фотографии“.

dajners plusninfo

Нивните наслови ги наведуваат читателите дека Си Ен Ен констатирал дека училиштето наликува на ментална институција- што е уште една голема манипулација.

plus info za dajners i bitolskoto uciliste

a1on za dajners i bitolskoto uciliste

 

„Независните“ новинари очигледно сметале дека нема потреба да се провери кој ја испратил веста до Си Ен Ен, па веднаш и сервираа на јавноста дека веста е испратена од учениците на училиштето, само затоа што така пишува во информацијата. Демек „учениците се решиле да го стават текстот на Си Ен Ен за да ја подигнат свеста на владата“, без при тоа „професионалците“ да спомнат дека темата беше објавена во Македонија, истиот ден (3 февруари) и тоа преку Канал 5 телевизија, која според нив е провладина телевизија.

Опозициските медиуми воопшто не соопштија дека лицето што ја поставило веста на Си Ен Ен Ај Репорт е регистрирано на сајтот истиот ден кога е објавена веста и е потпишано како сара0101, од што по ништо не може да се претпостави дека навистина станува збор за ученик во училиштето, но тоа било доволно убедливо за „професионалните“ новинари на опозициските медиуми. (Можеме да претпотавиме како ги проверуваат другите информации што ги објавуваат…)

ireport za ucilisteto

За пристрасноста и дволичноста на медиумите кои работат под диктат на СДСМ за која вчера пишуваше Република, потврдува и следниот факт: опозициските медиуми во случајот со веста за станот на Шекринска ги обвинуваат оние што не им се по воља дека тврделе оти сторијата е на Си Ен Ен што не е точно.

plusninfo za provladinte cnn

Дури тогаш кога на Си Ен Ен Ај Репорт се појави веста за кираџиката Шекринска, мегафоните на СДСМ „открија“ дека на овој сервис на Си Ен Ен се објавуваат непроверени информации (кои не значи дека не се точно, туку дека не се проверени од Си Ен Ен). За разлика од случајот со битолското училиште, овој пат „независните“ медиуми утврдија дека е потребно на јавноста детално да и се претстави што значи сервисот Си Ен Ен Ај Репортер. Со ова самите си ја потврдија „професионалноста“ но мораа да се жртвуваат за „повисоки цели“.

libertas za dajners2

Очигледно за „независните“ медиуми единствена вистина е тоа што тие ќе го соопштат и ништо повеќе од тоа, но за нивна жал фактите и овој пат не се на нивна страна. Од сето ова се гледа дека тие единствено се мајстори за манипулирање на јавноста на која и сервираат информации толку колку што тие сметаат дека е потребно, и во време кога тие сметаат дека е исправно да се направи тоа, водејќи се единствено според интересите на нивните партиски ментори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top