Вчера на Инфективната клиника 73-годишна жена починала поради компликации од грип, пренесува „Здравство“, повикувајќи се на извори од клиниката.
Вирусот кај пациентката бил и лабораториски потврден. Жената имала неколку хронични заболувања.
Ова е трет смртен случај поврзан со грипот оваа сезона. Досега во земјава се регистрирани близу 8000 лица со симптоми на грип, што е за 37 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.