| четврток, 6 декември 2018 |

Живко Будимир: Изминатите две децении БиХ ја воделе погрешни луѓе

zivko budimir bihСоцијалното незадоволство во БиХ долги години се чувствува во воздухот. Беше само прашање на време кога ќе ескалира, изјави претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир во врска со протестите на незадоволните граѓани, кои започнаа пред два дена во Тузла, а денеска кулминираа со немири и палење на зградите на владините институции ширум земјата.
Тој побара од учесниците на протестите да го „задржат достоинството и да не заборават кои се и што се“, а протестите, доколку планираат да ги продолжат, „да бидат во мирен дух, бидејќи уништувањето на заедничкиот имот и физичкото насилство не се решение“.
Будимир, исто така, апелираше и на политичките групи и поединци да не ги користат социјалните немири за собирање лични поени, порачувајќи дека ова не е време за кампања, туку „станува збор за човечки судбини“.
– Ова е показател дека БиХ во изминатите две децении ја воделе погрешни луѓе. Некои од нив денес се во опозиција и ја чекаат својата можност повторно да дојдат на власт, некои се моментно на власт, а некои од подземјето пристигнале на политичката сцена. Заедничко на сите им е дека државата ја гледаат како свој личен рудник со злато и да оставаат зад себе хаос и очај, нагласи Будимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top