Младиот алтернативен состав „Фулиш грин“ (Foolish green) овој викенд го претставува официјалниот видеоспот за песната „Fade Away“. Видеото ќе биде промовирано на интернет, а ќе биде премиерно објавено в недела (9 февруари 2014 година) во 22 часот, преку официјалниот канал на „Фулиш грин“ на „Јутјуб“ .
„Fade Away“ е песна објавена на „Escape“, првиот и повеќе од успешен албум на „Фулиш грин“. Автор и продуцент на песната е Ненад Стефаноски, a микс и мастеринг на песната направи Дарко Спасовски – Пацки (Quasar studios).
За изработка на видеоспотот, пак, искористени се материјали од анимираниот филм „Сказка сказок“ на легендарниот руски аниматор Јури Норштејн, а видеомонтажата е на Ненад Стефаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


