Белгиски државјанин вчера попладне бил фатен на „Табановце“ во обид да внесе 50.000 евра во земјава. Вратени му се 10.000 евра, колку што според законот странец или иселеник може да внесе во Македонија, а другите 40.000 евра му се привремено задржани, информира Царинската управа.
Белгискиот државјанин бил во автобус што сообраќал на линија Брисел – Скопје, а при контролата цариниците ги нашле еврата во внатрешните џебови на неговото палто и во ташничка што ја носел со себе.
Со ова, во согласност со Законот за девизно работење, што предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства и чекови во висина од 10.000 евра, а секој износ над овој треба да се пријави, сторен е девизен прекршок. Во согласно Законот, на белгискиот државјанин вратени му се 10.000 евра, додека другите 40.000 евра привремено се задржани, информира Царинската управа на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.