| четврток, 6 декември 2018 |

Светот ја поздрави реформата на Владата за заштита на децата: Светските медиуми за хемиска кастрација на педофилите

Македонија во 2012 година стана првата земја на Балканот што објави регистар на осудените педофили, со нивни фотографии и имиња, и адреси на живеење на тие што се ослободени.

„Еј-Би-Си“ и „Асошиетет прес“ јавуваат дека „Собранието на Македонија го усвои нацрт-законот за  хемиска кастрација на повратници осудени за сексуално злоупотребување  деца – но водечките организации за заштита на децата во земјата изјавија дека законот сè уште е премногу благ.
Според „Меѓаши“, која водеше кампања за постапката да биде применета на педофилите, изјави дека казната треба да биде задолжителна, дури и во случаи кога за првпат ќе биде установена кај прекршителите. Пратениците гласаа за закон според кој на осудените педофили ќе им се зголеми максималната казна од 15 години до доживотен затвор и да им се наметнне хемиска кастрација на повратниците. Се воведува минимум 15 години затвор за тешки сексуални престапи против малолетни лица , додека други сексуални престапи поврзани со злосторства против децата се казнуваат со меѓу 3 и 10 години затвор. Законодавството, исто така, нуди намалена затворската казна за прекршителите, кои за првпат го сториле делото.
Постапката вклучува редовни инјекции, кои го намалуваат производството на тестостерон, а Законот не ја специфицира должината на времетраењето на третманот.
Драги Змијанац подвлекува дека неговата организација проценува дека околу 1.000 деца се жртви на сексуална злоупотреба и малтретирање во Македонија секоја година, но само околу една четвртина до една третина од овие случаи се пријавени во полиција.
-Многу жртви не ги пријавуваат бидејќи сторителите се, обично, нивни блиски роднини или пријатели – рече тој.
Во полицијата, пак, имаат регистрирано намалување на бројот на случаи на сексуален напад врз деца во земјата. Од  2,1 милиони жители во 2010 година имало 53 случаи, во 2012 година- 90 случаи, и 43 случаи во првите девет месеци од 2013 година.
Министерството за труд и за социјална политика , изјави дека 23 лица биле осудени за педофилија во 2013 година.
Неколку други европски земји , исто така, имаат законска регулатива што дозволува за хемиска кастрација на педофилите .
Во јуни 2012 година , Македонија почна регистар на интернет на осудените педофили што се ослободени, кој содржи нивни слики, имиња и адреси.

Германската РТЛ, во натписот под наслов: „Македонија ќе врши хемиска кастрација на педофилите“, посветен на оваа тема вели дека Македонија им објавила борба на педофилите.

– Парламентот донесе закон со кој ќе се врши хемиска кастрација на повторниците. Постапката предвидува редовни инјекции со кои се намалува производството на тестостерон. Обемот на третманот не е предвиден во законот.
Авторот прави паралела со другите држави кои имаат вакви или слични закони, како Полска, Германија, Чешка, Русија, Данска и други.
-Македонија не е сама во своите напори во борбата против педофилијата. Во Полска во 2009 година беше усвоен сличен закон. Оттогаш, судовите задолжително престапникот што силувал малолетни лица под 15 години или извршил инцест со децата мора да биде подложен на хемиски третман – вели авторот на текстот во РТЛ.
-Нешто поинаква е ситуацијата во Германија. И во нивниот закон посто мижност за хемиска и хируршка кастрација, но има и можност таа да биде доброволна. Во хируршката процедура постојат и неколку пречки, во смисла на тоа дека тие што се вклучени во процедурата мора да бидат повозрасни 25 години, треба да се согласат во писмена форма и да бидат свесни за можните несакани ефекти. Советот на Европа го критикуваше овој закон, бидејќи смета дека информациите за кастрацијата не секогаш се слободни и достапни за да се информираат.

Според информациите од Европскиот комитет за превенција на тортура (КПТ) , во Германија за една година се извршени пет хируршки кастрации.

Новинарот од „9 њуз ворлд“ го цитира министерот за социјална политика Диме Спасов, кој изјави дека хемиската кастрација ќе се состои од земање лекарства или инјекции со кои ќе се намали либидото и сексуалната активност на повратниците, а процедурата ќе се избршува во специјализирани објекти на секои шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top