Никола Димов (51), познат адвокат од Велес и поранешен јавен правобранител, загина во сообраќајна несреќа, вчера утрото, на автопапатот Неготино – Велес. Истражните органи испитуваат под кои околности се случила несреќата, дали тој возел пребрзо или станува збор за нешто друго.
Засега се знае дека сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот, кај местото Летиште, во близина на археолошкиот локалитет Стоби. Според полицијата, Димов управувал автомобил „мазда-3“, загубил контрола и излетал од патот. Од ударот загинал на самото место.
Случајни минувачи што ја забележале несреќата пријавиле в полиција дека автомобил „мазда“ со велешки таблички излетал од автопатот и се превртел.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител од Kавадарци и екипа на полицијата.
Никола Димов бил познат адвокат во Велес, а неколку години претходно ја извршувал функцијата јавен правобранител за општините Велес и Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.