| четврток, 6 декември 2018 |

Услови за учество на конкурсот за наградата „Мостови на Струга“ за 2014 година

Интернационална поетска награда „Мостови на Струга“  за 2014 година
Струшки вечери на поезијата
Промоција на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО

Услови за учество на конкурсот за наградата:

– Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
– Кандидатите треба да испратат по пет копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.
– Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 28 февруари 2014. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk, при што книгатa треба да биде во електронски формат, а печатената верија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до 5 март 2014 година.
– Националните комисии за УНЕСКО на државите членки се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
– Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски;
– Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2014;
– Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (крајот на aвгуст 2014), каде и ќе му биде врачена наградата на Манифестацијата „Мостови“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top