Потпретседателката на Собранието, Сузана Салиу, во интервју за „Гласот на Америка“ во Вашингтон го претстави албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија. На прашањето како Салиу одговара на критиките на албанские опозициски партии дека не го користи албанскиот јазик кога ги води седниците, Салиу вели:
– Точно е дека албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија е дефиниран како втор службен јазик. Во Собранието албанскиот јазик се користи во сите парламентарни форуми: на албански се обраќа и претседателот на парламентарната комисија, сите албански пратеници и албански министри во овие парламентарни форуми. Меѓутоа, за жал, јас сѐ уште како заменик на парламентот не сум нашла разбирање да ги водам парламентарните седници на албански јазик. Бидејќи, ако парламентарните седници се одвиваат на албански јазик, тоа ќе биде нова историја за Собранието на Република Македонија. Значи, тоа ќе беше промоција првпат, дека во раководството на парламентарните седници ќе се зборува на албански јазик – вели Салиу.
Додека Уставот го дозволува?
– За жал, тоа што е дефинирано со Уставот, има тенденција … Не можам да го сокријам бидејќи тоа е очигледно. Постои тенденција дека правата на Албанците кои се дефинирани со Уставот се гарантираат со закон, за тие да се попречуваат од недостатокот на политичката волја. Но, сметаме дека албанскиот јазик е присутен во Република Македонија како официјален јазик и мислам дека во блиска иднина и пленарните седници на македонскиот парламент ќе се водат на албански јазик – вели Салиу.
Повеќе на shqip.republika.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
Колку пати ќе се додаде „Северна“ на зборот “Македонија“ во Уставот на РМ