Билјана Беличанец Алексиќ влегува во трка за градоначалник на општината Кисела Вода, објави Скопјеинфо повикувајќи се на неофицијални партиски извори. Таа, наводно ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за оваа општината. Се појавија и шпекулации дека дилемата е помеѓу министерката Елизабета Канчевска-Милевска и Беличанец Алексиќ. Беличанец Алексиќ не одговараше на повиците на нејзиниот мобилен телефон. Се уште се чека нејзиниот став за оваа информација.
Инаку неодамна се спроведуваа анкети – За кого би гласале доколку се кандидираат – Марин Докузовски и Ганка Самоилова Цветанова, Дејан Лилиќ или Андреј Жерновски, Бранко Ѓорчев или Андреј Жерновски. Тогаш дел од актерите изјавија дека воопшто не планираат да се кандидираат и воопшто не беа запознаени зошто нивните имиња се споменуваат во телефонските анкети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


