| четврток, 6 декември 2018 |

Познат велешки адвокат е загинатиот во сообраќајката на автопатот Неготино – Велес

policijalenta

Познат велешки адвокат Никола Димовски бил жртва на тешката сообраќајна несреќа, во која утрово тој со својот автомобил излетал од автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“, соопшти полицијата.

Истражителите откриле дека возилото излетало од патот со голема брзина.  50-годишниот Никола Димовски загубил контрола на својот автомобил „мазда“ во близина на „Стоби“, а потоа излетал од патот. Поради внатрешните повреди, тој починал на местото на несреќата.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top