Српскиот поп-рок-реге бенд С.А.Р.С. на 22. февруарири гостува во кумановскиот клуб „Лолипоп“. Омилениот бенд на македонската публика во „Лолипоп“ доаѓа со нивните добро познати хитови, но и со тазе материјал, промоција на новиот албум „Иконе поп културе“.
Нивни 4. по ред, албумот издаден на 12 јануари за само три дена од бесплатната објава на интернет е симнат 20,000 пати. Билетите во препродажба чинат 200 денари, а во сабота на 22 февруари пред самиот настан на билетарата на клубот – 250.
„Лолипоп“ и овој викенд нуди богата агенда. Во петок (07,02) е закажама ар-ен-би и хип-хоп забава со диџеј Шорти ака Панчо. Стартот е на полноќ, а влезот 100 денари.
Во сабота (08,02) е диско-селекшн вечерта со диџеј Мац, и латино-салса забавата со диџеј Г. Традиционално, во недела е караоке шоуто со Саше Морж, гратис влез и гратис пиајлок за добредојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.