| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова: Не ми се верува дека е крај

По 140 епизоди и 6.300 минути снимен материјал, 4.100 сцени и 12 часовно снимање секој ден, тимот на хрватски „ РТЛ“ го заврши снимањето на драмската серија „Тајни“.

За прв пат во хрватска серија, главната улога ја имаше македонска актерка. Јелена Јованова ја воодушеви хрватската публика која секојдневно ги очекува новите епизоди од серијата.

Zagreb 14.09.2013 - Snimanje nove TV serije RTL televizije Tajne

– Сѐ уште не можам да верувам дека ова е крајот. Ова беа напорни, но убави седум месеци – вели Јелена, која помина долго време учејќи го правилниот изговор на хрватскиот јазик.

Крајот на снимањето екипата го прослави со торта, шампањ, музика и танцување до раните утриснки часови.

jelena jovanova

Серијата „Тајни“ наскоро ќе почне со емитување и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top