| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка остана без фаворитот во сноуборд Торштајн Хоргмо

Еден од фаворитите во натпреварите во сноуборд на Зимските олимписки игри во Сочи, Норвежанецот Торштајн Хоргмо, се повреди на последниот тренинг одржан на патеката каде што ќе се одржуваат натпреварите. Тој ги повредил главата и рамото и веднаш бил пренесен во болница. Од болницата изјавуваат дека тој има повреда и на клучната коска и, најверојатно, нема да учествува на Игрите.
Учесниците во натпреварите во сноуборд пред почетокот на олимпијадата се жалеа дека патеката е премногу ризична и опасна.
Норвешка, се чини, го загуби фаворитот за медал во ова наптреварување.
Квалификациите во сноуборд почнуваат в четврток, еден ден порано од официјалното почнување на ЗОИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top