| четврток, 6 декември 2018 |

Американците за време на суперболот испиле пиво кое може да се смести во 500 олимписки базени

super-bowl-xlvii

Американците за време на суперболот испиле 228 милиони литри пиво, а изеле околу 22,5 милиони килограми чипс, кој би пополнил 600 големи товарни камиони. Повеќе од 80.000 навивачи за време на натпреварот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, меѓудругото, излезе околу 8.000 пици и 40.000 хотдог. Ако би се подредиле во висина, истите би излгедале како 14 „Емпајр стејт“ згради.

Се пртепоставува дека гостите во Лас Вегас во обложувалниците потрошиле повеќе од 100 милиони долари, обложувајќи се на супербоул.

Минатогодишниот натпревар беше најгледана програма на телевизија во историјата на САД, со повеќе од 164 милиони гледачи. Бројките за гледаноста оваа година се многу помали.

Финалето во неделата го гледале 96,6 милиони луѓе, но, сепак, откупот на рекламен простор повторно достигна рекорд. Телевизиската куќа „Фокс“ емитуваше 30 секундни реклами спотови по цена од 4 милиони долари, а целиот рекламен простор беше распродаден до 4 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top