| четврток, 6 декември 2018 |

Измените на законите за служба во АРМ и за стечај пред пратениците

СОБРАНИЕ

Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија и измените на Законот за стечај, двата по скратена постапка, денеска ќе се најдат пред пратениците во Собранието.

Со измените се предвидува околу 3.000 стечајци да добиваат месечен надоместок од 7.100 денари, додека околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ да бидат ангажирани во државните институции.

Меѓу точките се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија и по предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, сите по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top