Еден демонстрант „наоружан“ со шлем, фантомка, панцир и мегафон, ја запроси својата девојка среде протести во Украина.
Овој убав настан се случи во уништениот центар на Киев каде деновиве истиот беше средиште на голем број на инциденти помеѓу опозициските демонстранти и полицијата.
Серијата интересни фотографии од запросувањето среде хаосот во Киев ги направи фотографот Олександр Сташевски и на нив се гледа како непознатиот маж преку мегафон ја запросува девојката а потоа клекнува на едно колено барајќи ја раката на својата избраничка, додека неговите другари околу палат бакљи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



