Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што е откриено амфетамин и привремено се задржани златен, сребрен накит и легура, автоделови, стоматолошки материјал, делови за велосипед, обувки, текстилна стока, паричници, рачни часовници и фалсификати.

Околу 1 килограм амфетамин, откриен во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. При извршена детална контрола, со помош на царинско куче на автомобилот и личен преглед на патниците-македонски државјани, кај еден од патниците, на задниот дел од половината е пронајдено 1 пакување наркотична дрога, амфетамин. Во големопродажба на наркопазарите во Европа оваа наркотична дрога би достигнала цена од околу 700 евра, а нејзината малопродажна вредност би изнесувала околу 3000 евра.
Против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Точно 1.450 грама легура за изработка на сребро, 7 сребрени прстени и 6 златни недоработени прстени и обетки, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар , пријавен за влез во државата. Накитот и легурата се пронајдени во џеб од јакната и во торбичка околу вратот на албански државјанин, патник во автобусот.
1170 парчиња и 650 сета разни автоделови откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од турски државјанин, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар , пријавен за влез во државата. Непријавената стока е пронајдена во просторот над задната лева гума во автобусот, а сопственик на стоката бил сопственикот на автобусот, турски државјанин.
– 650 парчиња амортизери за велосипеди, откриени во товарно возило со македонска регистрација, управувано од македонски државјанин, пријавен за увозно царинење. Покрај пријавената стока, разни делови за велосипед со потекло од Кина, наменети за фирма-увозник од Струмица, во возилото пронајдена е и непријавената стока.
Текстилна стока, паричници, рачни часовници и обувки

– 94 пара готови текстилни производи и 80 парчиња перници, откриени во патничко возило со македонска регистрација, управувано од македонски државјанин, во внатрешноста на државата. Стоката е пронајдена во багажниот простор на возилото и за истата лицето не поседувало никаква документација за потекло на стоката и за платени давачки.
– 24 пара обувки и чорапи, 9 парчиња облека, паричници и рачни часовници и 2 сета козметички производи, откриени кај косовски државјанин кој допатувал со лет од Лондон, пријавен за влез во државата. Непријавената стока пронајдена е при детална контрола на личниот багаж на патникот.
Цариниците откриле и 5.000 грама стоматолошки материјали – метални елементи NICKEL-CHROM REALOY-N+, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од турски државјанин, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар , пријавен за влез во државата. Стоматолошкиот материјал е пронајден во фиока над возачкото седиште во автобусот, а сопственик на стоката бил возачот на автобусот.

– 41 пакетче по 100 парчиња ексцентрична брусна хартија, 3 канти од по 3 литри разредувач за боја, 6 канти боја од по 12 литри и 80 парчиња хартиена изолир трака со широчина од 2см, откриени при преглед на патничко моторно возило со привремени германски регистарски таблички, пријавено за влез во Република Македонија. Стоката била сокриена под предните седишта и во багажниот простор
Во сите случаи непријавената стока е привремено задржана а против сторителот започната е соодветна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 240 чанти со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Струмица, пријавена за увоз во државата.
– 4 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на поштенски пратки од Сингапур и Кина, наменети за македонски државјани.

Стоката за која постои сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост привремено е задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


